교정 · 4
Здраво на сите
Здраво на сите,
се викам Владимир и сум роден во Софија. Софија е столицата на Бугарија. Но во последните неколку години живеев и студирав во странство и ќе живеам во други држави, уште неколку години. Понекогаш се враќам во Бугарија преку Скопје, затоа што има многу евтини летови до таму со Визер. Таму останувам еден или два дена кај моите роднини и ако имам време, одам малку да прошетам во/низ градот. Многу ми се допаѓа градот, многу е убав и има многу живот. Моите роднини се многу добри луѓе. Гостопримливи се и ми се допаѓа да бидам кај нив.
Јазикот не е голем проблем за мене, зато што јас сум Бугарин и можам да разберам многу и без да го учам предходно(и покрај тоа што не сум го учел претходно). Само првиот пат ми беше малку тешко да ги разберам, но после започнав да му се навикнувам. Многу се слични јазици бугарскиот и македонскиот, но не сите Бугари и Македонци имаат добар контакт едни со други и затоа не сите луѓе во Скопје можат да ме разберат ако зборувам на родниот јазик. Затоа слушам како моите роднини зборуваат и на улиците во Скопје се обидувам да зборувам како нив.
Другиот месец пак ќе го посетам градот.
Секој пат, кога влегувам во Македонија, добивам порака од тамошните мобилни оператори: Добредојдовте во Македонија, колевката на цивилизацијата.
더 빨리 진행하고 싶나요?
이 학습 커뮤니티에 참여하고 무료로 연습해보세요!
집에서 편안하게 언어를 배울 수 있는 기회를 놓치지 마세요. 경험 많은 강사진을 살펴보고 지금 바로 첫 수업을 신청하세요!
오늘 학습 시작하기
